logo
logo
logo

СООБРАЌАЕН КОЛАПС во Кичево: Повеќе автомобили од улици!

Vecer | 06.08.2021

СООБРАЌАЕН КОЛАПС во Кичево: Повеќе автомобили од улици!

Во периодот јули-август, кога во земјава на годишен одмор доаѓаат печалбарите родум од овие краишта, на Кичево му се случува сообраќаен колапс. Во тие денови бројот на патнички автомобили во градот барем двојно е зголемен, а недоволниот капацитет на улиците и паркинзите е проблем.

– Не се критични само главните сообраќајници, туку во сите делови на градот автомобили има паркирано на секој чекор. Ниту на паркинзите каде што живееме немаме места за нашите возила. Сега сме приморани да се паркираме каде ќе најдеме слободно место, често и подалеку од дома, велат станари од зградите во потесното градско подрачје.

Сите се согласни дека бројот на автомобили кои моментално се во градот е далеку над капацитетот на градската инфраструктура.

– Нашиот град во времето кога се планирала патната инфраструктура не бил димензиониран за толкав број патнички возила и едноставно недоволниот капацитет денес е проблем за непречено фунционирање на сообраќајот. Се случува во денови да вртиме повеќе кругови , додека најдеме место за паркинг. Но веќе сме навикнати на вакви гужви во летото, кога во родниот крај доаѓаат печалбарите. Можеби барем една катна гаража би решила дел од проблемот, вели Петар Тренески староседелец во градот.

Проблемот се усложнува и поради транзитот што се врши по магистралниот пат, кој е рбетна улица на градот и, каде во некои денови транзитираат и над 10000 возила од секаков вид и големини.

Сообраќајната полиција вложува максимални напори што побезболно да го разреши овој проблем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk