Солза Грчева, лидерка на партијата Глас за Македонија на социјалните мрежи се поожали дека им биле затворени портите на Соборниот храм во Скопје за Велигден.
Нашиот Соборен храм, од каде штотуку доаѓам, ни го затворија пред нос во 19 часот. На нашиот најголем празник, вели таа.
Додава дека биле грубо избркани со зборовите „Ајде тргајте се од тука”.
-Сите што чекаа да влезат и купат свеќи и остават пари и ја помагаат со тоа и црквата, бевме избркани со зборовите: „Ајде тргајте се од тука”. На Велигден затворен главниот храм. Цел свет прошетав, ниту една црква затворена на празник не сум начекала. А се жалат дека се намалил бројот на верници.Срамота за црквата, греота за луѓето, напиша Грчева на Фејсбук.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата