За само десетина дена во Македонија се случија околу 50 сериозни пожари во кои изгореа цели шуми, со засега неутврдена површина во хектари и број на поединечни израснати дрва, како и најмалку шест куќи.
Паниката почна во Кочани, за време на прославата на Илинден. Првиот човек на Центарот за управување со кризи, контраверзниот Стојанче Ангелов, денот го помина во муабет и сликање со музичарот Влатко Стефановски, пожарите му беа во втор план. Врвот на владата плус градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, веднаш по празниците замина на море, на годишен одмор, и остави огнот да се шири и мултиплицира неконтролирано.
Уште по првите пожари стана јасно дека владата, државата, нема ниту план ниту ресурси да се справи со пожарите што и е работа, и за што користи пари од буџетот и плаќа луѓе кои се вработени само за вакви ситуации. Се испостави дека трите противпожарни авиони, ер трактори, не се во функција – не се ни сервисирани. Се испостави дека немаме ни противпожарни возила кои се технички и технолошки функционални за вакви ситуации. Се покажа дека немало ни гориво за армиските хеликоптери кои треба да се ангажираат против пожарите… Се покажа дека – немаме ништо, ни власт која е во државата во криза, ни технички потенцијал, ни организација а парите се потрошени.
Патем, каде се одговорните од Македонски шуми кои се платени, и имаат законска обврска, за заштита од пожарите?
Дали проблемот е во тоа што сме сиромашна држава, па немало пари за противпожарна техника? Не е тоа проблемот. Само за лубриканти, сексуални подмачкувачи кои се за една мала група граѓани од ЛГБТ заедницата владата даде 2 милиони евра. За невладините организации кои, иако невладини земаат владини пари, дадени се над 7 милиони евра. За братот на провладиниот новинар Сашо Орданоски Фондот за иновации даде 350.000 евра. За весници кои никој не ги чита, но пропагиораат провладина политика, владата измисли фонд со кој годишно им дава по 1,5 милиони евра.
За консултатски услуги на Сашо Орданоски и слични провладини ПР новинари и пропагандисти нови 600.000 евра. За “владини стартегии’ на Петар Арсовски и други, само од познатите плаќања, исплатени им се над 600.000 евра. Петре Шилегов за трева во ТЦ Мавровка донираше 700.000 евра градски пари, секако во суштина за купување албански гласови за локални избори. Шилегов даде и околу 800.000 евра за куќа за пингвини и лимени динасурии. Истиот Петре Шилегов направи проневера на околу 2 милиони евра, повторно за купување албански гласови за локални избори во Сарај и Кондово, продавајќи го езерото Треска сосе околината за 72 денари (1,2 евра) квардат со 141 парцела со вкупна градежна површина од 85.310 метри квадратни метри! За само 98.500 евра!
Кога ќе се соберат само наведените плаќања со кои се купуваат невладини активисти, медиуми и новинари за потреби на партиска пропаганда од минатите парламентарни избори до сега исплатени се огромни 13 милиони евра, а тое се само исплати кои се јавни познати, финалната бројка е многу поголема. Тоа се јавни, наши пари фрлени во ветар за потреби на провалдина пропаганда и купување гласови за избори. Во ова не се пресметани милион евра фантомски исплатени само на општина Арачиново “за справување со ковид епидемијата“, и тоа само на Арачиново, не и на други општини во Македонија, како ни проневерата на Петре Шилегов со градежното земјиште од езеторо Треска.
Оттаму, не станува збор дали Македонија имала пари за современи против пожарни возила и опрема. Имала, но поважно им била пропагандата и купување гласови за избори. Како што имаше и за респиратори и амбулантни возила во време на развојот на Корона кризата, а не купи ниту вакцини, ниту амбулантни возила, ниту респиратори, иако таа година се зема милијарда евра нови кредити, што на крај даде последица со над 6.000 починати од Ковид 19 во држава со само два милиони жители.
Со други зборови, одговорноста е јасна. И за ковид кризата, и сега за пожарите. Иста е матрицата, интересите, однесувањето и последиците кои се – катасрофални. Србија со месеци единствена ги вакцинираше македонските граѓани кои плаќаат даноци во Македонија, а сега Србија со Австрија, Романија и Словенија не спасува од пожарите. Во ниту една криза не видовме дека Македонија е организирана држава која има власт избрана и платена да решава проблеми. Парите ги нема, завршија кај нив – а последиците се наши, заеднички. Ние гасиме пожари, голтаме чад и броиме штети, а тие одат на годишни одмори сред кризи, и делат милиони евра меѓу себе и за своите пропагандисти.
Во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, со Груевски како премиер, се купија возови, автобуси, противпожарни авиони, се изградија булевари кои ова власт не може ни да ги сервисира и одржува, за нови не ни станува збор. Во време на Груевски, во период од 2011-та до крај на 2015-та година во организација и на трошок на владата насадени се 15.754.280 садници на зимзелени и листопадни дрва на површина од 5.010 хектари низ цела Македонија. Почна да се менува климата и квалитетот на воздухот низ цела Македонија.
Денес нема нови садници, веќе се години. Денес гледаме како тоа што го имаме гори и се молиме на Господ и комшиите да помогнат, пари за превентива нема иако буџетот е поголем од било кога. Откако поапси, однесе по судови и раскара се што е опозија на оваа валст, сега власта на чистина се соочува со самата себе. На една страна се нивните скапи автомобили, куќи и сметки во странство, скапи годишни одмори и фрлање купови пари за пропаганда меѓу народот но, на друга страна се реалните факти: болести, неизгрдаени патишта и клинчки центри, пожари и народ кој е оставен сам на себе а парите и гласот за избори му ги земаа, не давајќи му ништо за возврат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата