logo
logo
logo

Со БРТ на Петре СЕ ДОВЕДУВА ВО ОПАСНОСТ ВОДОСНАБДУВАЊЕТО проблем е трасата по Партизанска

Vecer | 13.03.2025

Со БРТ на Петре СЕ ДОВЕДУВА ВО ОПАСНОСТ ВОДОСНАБДУВАЊЕТО проблем е трасата по Партизанска

„Никогаш од ниту еден советник, не е изречено или не е кажана констатација дека соодветната институција Европската банка за обнова и развој била сомнителна институција. Никогаш, никој не кажал такво нешто од говорницата на Советот на Град Скопје“, истакна претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески во реплика кон советникот Александар Трајановски на денешната седница на Советот на Град Скопје говорејќи за воведување на брз автобуски превоз.

Славески посочи дека многу добро знае како се движи соработката на Република Македонија со Европската банка за обнова и развој.

„Јас сум засегнат од ваквата неточна констатација на советникот Трајановски затоа што како министер за финансии по функција сум бил и гувернер, односно претставник на Република Македонија во Европската банка за обнова и развој и многу добро знам како се движела соработката со банката“, рече Славески.

Славески потенцираше дека советниците не ги изнесуваат своите аргументи по 20-ти пат затоа што веќе го имаат кажано своето мислење.

„Второ советниците најверојатно не ги изнесуваат своите аргументи по 20-ти пат затоа што го кажале своето, дека најголем проблем е трасата по Булеварот „Партизански одреди“ каде се доведува во опасност водоснабдувањето со вода за пиење со жителите на Град Скопје. Имаше и други предлози за промена на траса, тоа не е направено и оттука мислам дека отпорот на советниците е да дадат поддршка на таков проект кој го сметаат за неиздржан без соодветните корекции што беа предложени“, заклучи Славески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk