logo
logo
logo

Славјанка се закани: Им даваме последна шанса на Русите за дипломатски да ја решат кризата со Украина!

Vecer | 16.02.2022

Славјанка се закани: Им даваме последна шанса на Русите за дипломатски да ја решат кризата со Украина!

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, изјави дека целта на денешниот состанок е да се реафирмира единството на НАТО, да се даде шанса на дијалогот во кризата меѓу Русија и Украина и да се потенцира поддршката за целосниот интегритет и суверенитет на Украина. Според неа, треба до крај да се даде шанса за дипломатско решение за кризата меѓу Русија и Украина, а политичките изјави се само чекор до деескалацијата, но треба да се види и придвижување на теренот за таа цел. „Овој состанок се одржува во важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе ги реафирмираме нашите позиции за мирно решавање на кризата помеѓу Русија и Украина. Даваме последна шанса на дијалогот за дипломатско решение. Ќе го потврдиме единството на сите земји-членки на Алијансата, како и нивната безбедност“,рече Петровска. Петровска, во одговор на прашање на дописничката на МИА од Брисел, рече дека нема закани за безбедноста на нашата држава, и оти институциите во својата надлежност се подготвени и работат на тоа.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk