logo
logo
logo

СКАНДАЛ во велешка градинка: Воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари

Vecer | 03.10.2023

СКАНДАЛ во велешка градинка: Воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари

Огромен скандал, како што пренесува Курир, се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари. Според извори на медиумот, воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако родителите дознале за овој чин веднаш реагирале, а според добиените информации, за воспитувачката веќе е покрената дисциплинска постапка.

Инаку, изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес.

Пред неколку месеци директорката е обвинета за спорни јавни набавки, како и за лоша организација на градинката. Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев.

Според изворите кои ја контактирале редакцијата на Курир, родителите ќе ги тужат и воспитувачката и градинката.

Воспитувачката била примена на работа пред неколку години кога градоначалник беше кадар на СДСМ, а во исто време од градинката беа отпуштени десетина воспитувачки со долгогодишно работно искуство во градинката.

Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk