logo
logo
logo

Селфито на Мицкоски РУШИ РЕКОРДИ!

Vecer | 05.04.2024

Селфито на Мицкоски РУШИ РЕКОРДИ!

Повеќе од 300.000 прегледи, околу 18.000 „лајкови“, скоро 1000 коментари и приближно 700 споделувања има карактеристичната „селфи“ фотографија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вчерашниот голем митинг на оваа опозициска партија пред Владата на Македонија.

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ, на кој според известувањата присуствуваа околу 50.000 граѓани, беше промовирана кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, а свое обраќање имаше и лидерот на партијата Мицкоски.

„На Македонија ѝ треба политичар, а не измеќар на ДУИ“, констатираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најавувајќи голема народна победа и на претседателските и на парламентарните избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk