Граѓаните кои користат социјални мрежи, знаат дека постои група насловена како „Охриѓани“ каде секојдневно се споделуваат интересни и комични ситуации од охридските улици, но се отвора и болата тема-ривалството помеѓу тамошните и скопските жители.
Со оглед на тоа што постојано скопјани се жалат дека во Охрид е скапо, сега тие го возвраќаат „ударот“.
Објавија фискална сметка од локал во Скопје, на која се гледа дека само едно макијато чини 130 денари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата