logo
logo
logo

Се работи на законско решение, СЕ СПРЕМААТ УЈП И СУДОВИТЕ ЗА КАЗНИТЕ па камерите ќе почнат да снимаат

Vecer | 10.01.2025

Се работи на законско решение, СЕ СПРЕМААТ УЈП И СУДОВИТЕ ЗА КАЗНИТЕ па камерите ќе почнат да снимаат

Проектот „Безбеден град“ е еден од приоритетите на МВР, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан за почетокот на имплементацијата на надградбата на системот.

-Ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Тоа значи дека освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните оптички кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи за сето тоа, ќе треба да промениме и законска легислатива, ќе треба да ги подготвиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките. Ќе треба еден поширок институцонален пристап да се има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение. Овој проект е многу важен, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека секојдневно се работи на проектот, а вклучени се професори во подготовката на легислативата.

-Се надевам дека 2025 година ќе биде годината каде ќе почнеме да го имплементираме, не само на територија на Куманово, Тетово и Скопје туку на територија на цела Македонија, вели тој.

Тошковски додаде дека секој еден кој дивее по улиците ќе биде казнет, а секој еден кој го почитува законот нормално дека треба мирно да спие

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk