logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„СЕ ПИЕЛО ВИСКИ СТАРО 12 ГОДИНИ, Шилегов и Јанчева трошеле 90 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ во кафеана“

Vecer | 31.01.2022

„СЕ ПИЕЛО ВИСКИ СТАРО 12 ГОДИНИ, Шилегов и Јанчева трошеле 90 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ во кафеана“

Јанчева и Шилегов трошеле десетици илјади денари по кафеани, а плаќале по фактури без тендер, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Од партијата потенцираат дека на неколку дена пред Нова Година Љубица Јанчева како претседател на Совет од СДСМ и Петре Шилегов како градоначалник на Град Скопје од СДСМ потрошиле над 90.000 денари за гоштевање во кафеана.

- Тие фактурата ја доставиле за плаќање до секторот за финансии во Градот, иако им е укажано дека не можат да доставуваат фактури за сметки од угостителски објекти со кои претходно Градот нема склучено договор. Јанчева и Шилегов буквално без тендер исплатиле 90.000 денари кон кафеана за флаши виски кои ги пиеле и за бифтеци на путер, посочуваат во соопштението.

Тие додаваат дека  Јанчева и Шилегов пиеле виски старо 12 години додека половина милион луѓе едвај врзуваат крај со крај.

- Општините и Градот Скопје се донесени во незавидна положба од кадрите на СДСМ, а од СДСМ сега во страв напаѓаат зошто се свесни дека на виделина ќе излегуваат сите нивни криминали, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk