logo
logo
logo

Се работи засилено, СЕ ГРАДАТ АВТОПАТИ, ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА, МОДЕРНИ КОРИДОРИ - Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст

Vecer | 11.04.2025

Се работи засилено, СЕ ГРАДАТ АВТОПАТИ, ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА, МОДЕРНИ КОРИДОРИ - Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст

Патниот транспорт е многу важна алка во синџирот на економијата на целата држава. Се инвестира во развој на Mакедонија и интеграција во регионот. Има засилена динамика на градежни активности на терен, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Се градат нови автопати, експресни патишта, модерни коридори. Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.

Се изгради и се пушти во употреба експресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка во должина од 25,5 километри и инвестиција од  107 милиони евра што е од големо значење за развој на економијата во источниот дел на Македонија.

Се пушти во употреба експресниот пат Градско - Дреново дел од експресниот пат Градско Дреново Фариш со што од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десетина минути.

Во Кавадарци се вложија 1,1 милион евра во пет села за патишта,  се реконструира патниот правец Дабниште-Ресава. Се инвестира во сите општини во Македонија, во Студеничани се прави реконструкција на локалниот пат од Драчево до мотел Китка.

Преку 500 илјади евра инвестиции во Желино за подобрување и реконструкција на локалните улици.

Се промовираше асфалтирање во зимски услови на трасата на автопатот Кичево-Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години. Се реконструира патниот правец од Охрид до Свети Наум.

Се гради во Велес, Штип, Битола, Радовиш и низ цела Македонија. Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст. Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион и да има модерна и функционална инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk