Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска одржа прес конференција за медиумите на која информираше за досегашниот тек на истарагата за несреќата во Кочани.
На почетокот изјави дека обвинителството презема дејствија за обезбедување на докази за одговорност за трагедијата. Коцевски рече дека самиот број на обвинители укажува на посветеноста на обвинителството, но и сложеноста на случајот.
Издадени се многу наредби и дејствија, меѓу нив на лице место издадени се 59 наредби з аобдукции, наредби за обезбедување на видео материјали, документација од правен субјект, вештачње на мобилни.
Потоа изршени се претреси во министерство за економија и уште две локации во Скопје, пребарувани се компјутери и серверите во министерството и графолошко вештачње на поптиси на документација.
Полицијата е овластена да уапси секого независно од неговата позиција, а со своето постапување или непостпаување довел до катастрофалните последици.
Додаде дека итно е побарано да бидат вклучени и градежна и трудова инскепција заради прописите за аштита и безбедност за работа.
Коцевски истакна дека ангажирани се вештаци.
Показатели за непостапување за безбедносните протколи од самото отворање па се до настанот.
Според Коцевски ќе се бар аодговорност со име и презиме кај секого низ годините чие постапување или непостапување довело до несреќата.
Одговорност ќе се бара за кривично дело Тешки дела против општа сигурнос од член 292 од КЗ за која е предвидена казна од најмалку 3 години до 20 години.
Се испитуваат дејствија за поткуп, незконска набавка на пиротехника и нејзино користење.
Мерката краткотраен притвор се дава за обезбедување на лицата за кои има сомнение за кривично дело, појасни тој.
Тоа му овозможува на јавниот обвинител да го задржи лицето за кое има сомнение од основните 24 часа, смислата е да се овозможи да има доволно време јавниот обвинител да ги преземе сите активности и сите факти и својства и дејствија кои ќе се испитуваат. А потоа може да се замени со редовен притвор.
Вчера ваква мерка е определа за 8, а 3 други лица се хоспитализирани, за нив постапката ќе продолжи кога нивната состојба ќе се подобри.
Во моментов се држат рочишта.
Вкупно до овој момент се работи за процесуирање на 14 лица. На прашањето дали е и поранешниот министер Крешник Бектеши, Коцевски изјави дека за сите лица кои ги спомнал сите 14 лица
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата