logo
logo
logo

СДСМ: Сите вмешани во „Титаник“ да се повлечат од политиката, заедно со нив и Мицкоски

Vecer | 13.02.2022

СДСМ: Сите вмешани во „Титаник“ да се повлечат од политиката, заедно со нив и Мицкоски

„Христијан Мицкоски и раководствотo на ВМРО ДПМНЕ мора да си поднесат оставка“, порачуваат преку соопштение од Социјалдемократскиот сојуз, по вчерашната судска разврска на случајот „Титаник“ со признанија на вина од обвинетите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер. „Врхушката на ВМРО ДПМНЕ, клучните играчи на осудениот криминалец Никола Груевски, признаа дека ја користеле моќта и противзаконски влијаеле на избирачко право, непријавувале извори на финансирање на партијата и користеле недозволени средства за изборните кампањи. Не само што 11 години ја фалсификувале волјата на граѓаните и направиле изборен криминал туку го злоуппотребиле и парите на народот. Христијан Мицкоски кој му беше советник и генерален секретар на Никола Груевски треба да се извини, да поднесе оставка и да побара враќање на парите кај народот. Покрај Мицкоски, сите инволвирани во Титаник и други предмети треба да се повлечат од политиката, како Милошоски, Јанушев и многу други. Ништо не е сменето во ВМРО ДПМНЕ, двоецот Мицкоски – Груевски е без принципи, без морал“, се вели во соопштението на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk