logo
logo
logo

СДСМ не се огради од функционерот фатен со дрога, ДАЛИ ФИЛИПЧЕ БРАНИ НАРКО ТРГОВИЈА? (ФОТО)

Vecer | 06.05.2025

СДСМ не се огради од функционерот фатен со дрога, ДАЛИ ФИЛИПЧЕ БРАНИ НАРКО ТРГОВИЈА? (ФОТО)

 СДС и во време на власт и во време на опозиција секојдневно со скандали за криминал, дрога, корупција. Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Партиските функционери на СДС блиски до Заев и Филипче повторно во скандал со користење на дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрга и криминалци и зошто постојано настојуваат да се опкружени со нив и на приватни настани и забави.

Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче пред три дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога.

Дали за партиските функционери блиски на Заев и Филипче користењето на забранети психотропни супстанци е честа појава и пракса?

Аздисаноста на партиските функционери на СДС нема крај.

Додека народот нема леб да јаде партиските функционери на СДС користат психотропни супстанци, таков беше случајот и со ексдиректорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, кога во јавност излегоа фотографии на кои се гледа тој со бела прашкаста материја пред него на работно биро.

На виделина излезе вистинското лица на СДС и нивните партиски функционери.

Пред очите на јавноста со факти и докази излезе вистина за СДС и нивните функционери кои постојано се опкружени со криминалци и корисници на дрога.

СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал, стои во соопштението.

Вчера Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ објави дека Венко Филипче е опкружен со криминалци и уживатели на дрога.

Ова е Андон Стојков, кој пред два дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога.

 Андон Стојков е поранешен претседател на СДММ Струмица и важи за близок човек до Зоран Заев и Венко Филипче. Ова е Андон Стојков во друштво на Венко Филипче. Од фотографијата се гледа дека истата не е случајна, ниту пак дел од некој масовен настан, па да се рече дека Филипче не знаел со кого се фотографира, рече Манасиевски. 
Воедно од партијата во прилог ги испратија следниве фотографии

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk