logo
logo
logo

Сашо Мијалков СТАНА ДЕДО

Vecer | 16.08.2022

Сашо Мијалков СТАНА ДЕДО

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна стана дедо. Вчера сопругата на неговиот постар син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе.

Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.

Мијалков го нема на фотографиите, а последните информации за него беа дека го одложил издржувањето на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“ којашто треба да ја издржува во струшкиот затвор и дека е на болничко лекување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk