logo
logo
logo

САКАЛ ДА ГО УДРИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА СО АВТОМОБИЛ> Стефковски објасни како и зошто се случил инцидентот

Vecer | 21.09.2023

САКАЛ ДА ГО УДРИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА СО АВТОМОБИЛ> Стефковски објасни како и зошто се случил инцидентот

Вчера бил приведен Б.Б. од Скопје, постапувајќи по пријава на Б.С. од Скопје, градоначалник на општина, дадена во 17.00 часот, според која на ул.„Архимедова” патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, се обидело да удри во патничко возило „пасат”, во кое Б.С. се превезувал, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„По преземени мерки и активности лицето е пронајдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Според иницијалите, најверојатно се работи за градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Стефковски претходно алармираше дека има закани кон него и неговото семејство поради тоа што урнал дивоградба.

Подоцна со објаснување се јави и самиот Стефковски:

– Оваа ситуација што се случи е многу непријатна, јас јавно мораше да се изјаснам бидејќи дел од медиумите јавно ги споделија информациите коишто беа во дневниот билтен на МВР. Дел од медиумите и ме контактираа – истакна Стефковски во емисијата „За или против” на Алфа телевизија говорејќи за немилиот настан што се случи и за постојаните закани од одредени лица.

Градоначалникот на општина Гази Баба нагласи дека нема ниту една закана да го заплаши, бидејќи компромис со закон нема да прави.

– Уште кога се кандидирав за градоначалник на општина Гази Баба излегов пред граѓаните и многу јасно и прецизно кажав дека компромис со закони нема да правам. И од првиот ден кога ја практикувам должноста градоначалник, тоа го докажувам и во пракса – потсети Стефковски.

Тој посочи дека некаде на почетокот месец август имаше пријава од граѓаните дека на една локација во Инџиково се гради одредена градба. И за таа цел инспекторите, секторот за инспекциски работи излегоа на терен да ја утврдат фактичката состојба. И утврдија дека се работи за земјиште кое е сопственост на Република Македонија, на таа локација е започната градба, а ги нема предвидените документи за градба, а нема ниту сопственост лицето кое што гради.

– Таа градба беше затворена од страна на градежен инспектор и сл. Меѓутоа во континуитет истото лице продолжи да гради до оној момент до кога не беше урната. И првиот момент кога на лицето му беше укажано дека има забрана за да почне да гради, тогаш започнаа заканите кон мене. Тоа некаде како што соопштив на почетокот на месецот август и тие беа континуирани до седми септември – рече градоначалникот на Општина Гази Баба.

Стефковски рече дека оваа дивоградба нема да биде единствена што се сруши, сите објекти кои што нелегално се изградени ќе ги чека истата судбина. Компромис со закон нема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk