logo
logo
logo

САД потрошиле 67 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПРОТИВ РУСКО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 22.12.2022

САД потрошиле 67 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПРОТИВ РУСКО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Инспекторатот на Стејт департментот на САД објави извештај на Фондот за спротивставување на руското влијание (ЦРИФ), во кој се наведува дека САД од 2017 година потрошиле повеќе од милијарда долари за финансирање невладини организации, медиуми, како и други организации и програми за анулирање на руското влијание.

Во извештајот објавен на веб-страницата на Стејт департментот се наведува дека најголемиот дел од тие средства – 621,5 милиони долари биле наменети за финансирање на организации и програми во Источна Европа, за земјите од Вишеградската група (В4), во кои спаѓаат Унгарија, Словачка, Чешка и Полска, додека за балканските земји биле наменети 454 милиони долари.

Според податоците од Извештајот, за организации во Србија се издвоени 55,5 милиони долари, а за Косово 61,1 милиони долари.

САД дале нешто повеќе од 80 милиони долари за Босна и Херцеговина, 67,4 милиони долари за Северна Македонија, 50 милиони долари за Црна Гора.

За Бугарија се издвоени 47,7 милиони долари, за Словенија 40,3 милиони долари, за Албанија 39 милиони долари, за Хрватска 11,4 милиони долари, а за Грција 0,7 милиони долари.

Програмите ЦРИФ се дизајнирани да ги постигнат целите на „Акт за спротивставување на влијанието на американските противници преку санкции” и да обезбедат странска помош на земји кои се предмет на „влијание и агресија на Руската Федерација и немаат економски капацитет за ефикасен отпор.”

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk