На 30. март ќе ги објавиме конечните резултати од Пописот, подготвуваме настан, во салата на Филхармонија. Чекавме 20 години за податоци од Попис, ќе почекаме уште 12 денови, вели Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во Студио 10 на ТВ24.
Тој рече дека секој граѓанин имаше право да се попише како што смета.
- Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција. Пред 16 години се направи демографска стратегија, која беше многу погрешна. Ни емигрираат млади луѓе кои го носат наталитетот. Треба друг тип на политика. И кога ќе се направат најдобрите мерки не може да се очекува демографски бум, изјави Симовски.
Тој додаде дека секој од нас да има можност од квалитетна работа, втор фактор - можност за квалитетно образование, требаат и квалитетно здравство и добра комуникација и петто, човечките потреби да има можност секаде да се задоволат.
- Проблемот е и со миграцијата на внатрешно ниво, истакна Симовски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата