logo
logo
logo

ПАДНА ОДЛУКА

Реконструкцијата на УНИВЕРЗАЛНА под капата на Министерството за култура

Vecer | 06.12.2023

Реконструкцијата на УНИВЕРЗАЛНА под капата на Министерството за култура

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото на реконструкција, доградба и надградба на објектот Универзална сала во Скопје, со што ова право се пренесува од Град Скопје, на Министерството за култура.

-Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно – техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот на ЈУ Универзална сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година), соопштуваат од Владата.

Владата ја задолжи министерката за култура да го склучи доставениот текст на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk