logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Редот денес му е на Груби ДА ШИРИ ЛАГИ“

Vecer | 03.09.2022

„Редот денес му е на Груби ДА ШИРИ ЛАГИ“

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на вицепремиерот Артан Груби за уставните измени и му порачува дека шири лаги, но ако смета дека има доволен број на пратеници нека свика седница. 

- Соочени со секојдневните неуспеси и порази на секое поле, владата на Ковачевски се обидува очајно да направи дефокус . Тоа што нема учебници во образованието, тоа што Македонија има највисока стапка на инфлација и најниска стапка на економски раст. Тоа што се до гуша заглавени во криминал, се обидуваат да го покријат со лажни вести, потенцираат од партијата.  

Тие додаваат дека редот да шири лаги денес му е на Артан Груби.   

- ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта ако имаат пратеници за уставни измени, што се докажа дека немаат, еве наредната недела нека ги стават на дневен ред. Во спротивно веднаш да си поднесе оставка Ковачевски, истакнуваат тие.  

Нагласуваат дека прашањето за уставни измени не е прашање дали сме за или против Европска Унија, туку дали сме за или против идентитетско обезличување и прифаќање на бугарските ултиматуми. 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk