Во серија рации по Охридско Езеро, запленети биле 343 единки охридска белвица и 36 единки клен, со вкупна тежина од 46.6 килограми, како и девет нелегално поставени рибарски мрежи.
Акциите се изведени од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), во соработка со ПС за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција).
Запленетите риби и мрежите се откриени на потегот од поранешната Детска болница до хотел „Метропол“.
Одземените мрежи и рибниот улов, согласно законските процедури, ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.
„Потсетуваме дека периодот на забрана за лов на охридска белвица и охридска пастрмка трае од 1 декември до 28 февруари, поради што контролите ќе продолжат со несмален интензитет. Институциите и понатаму ќе преземаат координирани мерки за заштита и обновување на автохтониот рибен фонд во Охридското Езеро“, порачува ДИЗ.
The post Рација по Охридско Езеро – запленети мрежи, 343 парчиња охридска белвица, 36 парчиња клен appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата