СВР Битола информира дека во битолските села Крклино и Меџитлија, пронајдени се неексплодирани гранати од Првата светска војна.
Во СВР Битола, Б.М. (55) од село Крклино, битолско, пријавил дека при вршење земјоделски работи во неговиот двор пронашол неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната и е констатирнао дека се работи за неексплодирана граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.
Во СВР Битола, полициски службеници од патролен тим во село Меџитлија, битолско, пронашле неексплодирана граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата и е констатирно дека се работи за неексплодирана граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата