logo
logo
logo

Процедурата не е пребрза, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ СЕ ЧЕКА НА ЕКСТРАДИЦИЈА на Палчо од Турција

Vecer | 07.12.2023

Процедурата не е пребрза, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ СЕ ЧЕКА НА ЕКСТРАДИЦИЈА на Палчо од Турција

Според професорот Гордан Калајџиев доколку Палчо беше уапсен во некоја членка на европското семејство ќе беше донесен во земјава за краток временски период бидејќи земјите членки имаат меѓусебна доверба.

– Со Турција имаме послоевита процедура која не е толку брза колку што се надева јавноста – вели Калајџиев за Канал 5.

Како што објаснува Калајџиев, откако формално ќе се испрати барањето, се бара и естрадициски притвор за осомниченото лице. Рокот е 18 дена, а во покомплицирани случаи може да биде најмногу 40 дена.

– Имаме меѓународни билатерални договори со Турција, имаме Европска конвенција, имаме домашни закони што покриваат празнини за делот од процедурата, и тука и таму – рече професорот.

Според објаснувањето на Калајџиев, нивната процедура бара прво локален суд да одлучи за самото апсење. Потоа за самата екстрадиција кон Македонија одлучува висок Кривичен суд, таканаречен сериозен суд или суд за тешки кривични дела.

– Ако судот го пушти, политички не може веќе да биде екстрадиран, значи има двоен филтер, а ако судот одобри екстрадиција има право на жалба. Па после почнува административниот дел,  кадешто кај нив за разлика од многу држави  кадешто одлучува само министерот за правда, на барање на министерот за правда одлучува министерски совет – додава Калајџиев.

Според него, роковите се кратки и некаде за околу 2 до 3 месеци целата постапка би требало да заврши.

– Вообичаено, доколку би било некое најобично убиство, не би очекувал проблеми. Таму кадешто има политички реперкусии, знаете со „Монструм“ секогаш имаме една таква сензитивна страна. Има повеќе услови, од правни и формални, до малку софистицирани и политички, коишто се тешко мерливи. Политичкиот дел зависи од многу работи и од тој аспект е многу важно каква е традицијата на соработка со државата од која се бара есктрадицијата – рече Калајџиев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk