logo
logo
logo

Пронајден француски државјанин, кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Vecer | 27.09.2023

Пронајден француски државјанин, кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа С.И. (21) од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат. Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.

Но, по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, на 27.09.2023 е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11.03.2023. Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk