logo
logo
logo

„Продаваме вода, НЕМАМЕ ЗА ЛЕБ“

Vecer | 19.09.2023

„Продаваме вода, НЕМАМЕ ЗА ЛЕБ“

Со пароли „Продаваме вода, а немаме за леб“ денес  Агро-Синдикатот и работниците од Водостопанство во државна сопственост излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати.

Протестот го поддржа Сојузот на синдикатите од каде што изразија загриженост за состојбата во претпријатието.

Вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие служени услови за живот предизвикани од инфлацијата. Потребата за обезбедување на нивните семејства со достоен живот предизвикува револт кај работниците во ова претпријатие, а за што како нивни претставници во изминатиот период предупредувавме и укажувавме – велат од Сојузот.

Се додава дека ако не се исплатат изработените заостанати плати, вработените се подготвени да стапат во штрајк со што ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на посевите, особено ако се знае дека Водостопанство како претпријатие е крвотокот на земјоделието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk