logo
logo
logo

ПРИВЕДЕНИ ЛИЦАТА КОИ ПАЛЕА ОГНОМЕТ во Скопје во денови на жалост

Vecer | 20.03.2025

ПРИВЕДЕНИ ЛИЦАТА КОИ ПАЛЕА ОГНОМЕТ во Скопје во денови на жалост

Полицијата синоќа привела двајца 18-годишници од Скопје кои запалиле огномет на роденденска прослава организирана во угостителски објект во Градскиот парк, со што не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.

-На 19 март 2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ и најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk