logo
logo
logo

Приведени двајца полициски функционери за оддавање службена тајна во скандалот со рекет во РЕК Битола?!

Vecer | 28.05.2021

Приведени двајца полициски функционери за оддавање службена тајна во скандалот со рекет во РЕК Битола?!

Двајца полициски функционери  се приведени за оддавање службена тајна во аферата „Рекет во РЕК Битола“ . Денеска извршен е претрес во домовите на осомничени функционери од МВР во кој нивните семејства биле принудени да излезат надвор од своите домови додека траел претресот, објави Плусинфо.

Како што велат од порталот побарале потврда од МВР за приведувањата, но се уште нема официјална информација.

Во написот на Плусинфор се вели дека Александар Јанев, поранешен началник за оранизиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран кримал се осомничени и приведени поради оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот.

ВМРО – ДПМНЕ тврди дека Вице Заев барал рекет во вредност од 250.000 евра од битолска компанијата „Рубитон“ која добила тендер за ископ на јаглен.

Случајот во МВР, го пријавиле ошетените сопственици на компанијата, но според тврдењата на опозициската партија, во пријавата мистериозно исчезнало името на Вице Заев, осомничен за рекетот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, наводно во времето на Васко Ковачевски власта вршела притисок и закани врз бизнисмените, сопственици на компанијата „Рубитон“, за да ја отстапат работата за ископ на јаловина која ја добиле на тендер во корист на СВ Инвест или да дадат 250.000 евра во кеш на Вице Заев, во хотелот „Вила парк“ во Струмица.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вчера достави до Обвинителството за оранизиран криминал документи со кои, според него, се докажува криминалот со државни тендери во РЕК Битола во времето на Васко Ковачевски, но и притисокот и заканите што ги вршел Вице Заев врз бизнисмените Васко Василев и Јани Радивчев, сопственици на Рубитон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk