logo
logo
logo

Притвор од 8 дена доби хирургот од Битола осомничен за поткуп

Vecer | 30.01.2025

Притвор од 8 дена доби хирургот од Битола осомничен за поткуп

На барање на Јавното Обвинителство определен е притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Како што е познато М.С. беше упсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28 јануари во просториите на болницата во Битола.

Според Обвинителството, сомнението произлегло од фактот дека осомничениот како лице кои вршело работи од јавен интерес, доктор-хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, извршил интервенција, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде 150 евра за да се почастел за извршената работа. Откако осомничениот ги примил парите, бил извршен претрес, а овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk