logo
logo
logo

Ќе има повторно полагање за возачка И КАЗНИ ЗА ПЕШАЦИ, ВОЗАЧИ НА МОТОРИ, ВЕЛОСИПЕД, ТРОТИНЕТ КОИ КОРИСТАТ МОБИЛЕН?

Vecer | 25.04.2025

Ќе има повторно полагање за возачка И КАЗНИ ЗА ПЕШАЦИ, ВОЗАЧИ НА МОТОРИ, ВЕЛОСИПЕД, ТРОТИНЕТ КОИ КОРИСТАТ МОБИЛЕН?

Ако во рок од четири години дозволата ви е двапати одземена, повторно ќе полагате за возачки испит.

Ова го предвидуваат измените во Законот за прекршоци и безбедност во сообраќајот, кои се веќе објавени и ќе важат од почетокот на следната година. Процесот на одземање ќе биде забрзан – по правосилна пресуда, судот треба да ја информира полицијата за забраната за управување во рок од две недели, јавува Сител

Министерството за внатрешни работи ќе испраќа и текстуална порака или е-пошта до прекршителот, информирајќи го кога започнува забраната.

Во новите закони, ќе се користат камери за казнување. Возачите кои направиле прекршок ќе добиваат електронски линк со фотографија и платен налог.

Возачите на мотори, велосипеди и тротинети кои користат слушалки, смарт часовници или мобилен телефон ќе бидат казнувани со глоба од 50 евра. Пешаците кои преминуваат улица или велосипедска патека со користење на електронски уреди ќе бидат казнувани со глоба од 40 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk