logo
logo
logo

Поради увид во сообраќајна незгода, на магистралата Кичево- Гостивар сообраќајот се одвива наизменично

Vecer | 26.09.2023

Поради увид во сообраќајна незгода, на магистралата Кичево- Гостивар сообраќајот се одвива наизменично

По речиси двочасовниот прекин прекин во одвивање на сообраќајот по магистралниот пат Гостивар – Кичево, пред влезот на Гостивар, поради сообраќајна незгода, движењето на возила се одвива со наизменично пропуштање кое го регулираат полициски службеници.

Од СВР Тетово информираат дека денеска во 10 часот и 5 минути била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар, пред влезот на Гостивар, во близина на угостителски објект.

– Во неа учествувале патничко моторно возило „сеат кордоба“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Р.Р. (75) од долнореканско Велебрдо и трактор, исто така, со гостиварски ознаки што го управувал Г.Ќ.(34) од гостиварска Ломница, наведуваат од СВР Тетово.

Во несреќата, двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар, сообраќајот се регулира со неизменично пропуштање на возилата во двете насоки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk