logo
logo
logo

Политиките во авиосообраќајот даваат резултати, ДЕСЕТИЦИ НОВИ АВИОЛИНИИ

Vecer | 05.05.2025

Политиките во авиосообраќајот даваат резултати,  ДЕСЕТИЦИ НОВИ АВИОЛИНИИ

Политиките во авиосообраќајот даваат резултати, за само неколку месеци десетици нови дестинации од двата домашни аеродроми и преговори за десетина нови авиолинии за подобар квалитет на животот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

На скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Директни летови од Шпанија, Барселона 2 пати неделно и од Франција, Лион 3 пати неделно.

Политиката на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги даваат првите резултати. Нови дестинации, за уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, нови можности, развој на бизниси, повеќе туристи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми.

За само неколку месеци владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните.

Исто така и се преговара за уште десетина нови авиолинии.

Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли).

Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул.

После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам.

Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија.

Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа:

Скопје -Женева, која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и

Скопје-Париз (аеродром Орли).

Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул,

Охрид - Базел Мулхаус,

Скопје – Дубаи,

Скопје – Штутгарт, потенцираат од владејачката партија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk