logo
logo
logo

ПОЛИТИКАТА ИМА ВЛИЈАНИЕ: Ана Павлова Данева за тоа како стана уставен судија за време на СДСМ (ВИДЕО)

Vecer | 11.04.2025

ПОЛИТИКАТА ИМА ВЛИЈАНИЕ: Ана Павлова Данева за тоа како стана уставен судија за време на СДСМ  (ВИДЕО)

 Уставната судијка Ана Павловска Данева, вели дека политиката секогаш и секаде има влијание при избор на функционери и уставни судии.

На прашањето поставено од адвокатот Јанаки Митровски, дали имала политиката влијание при нејзиниот избор за уставен судија, Данева одговори да.

„Апсоултно секогаш имала и ќе има кога се бираат функционери во собранието. Дали има политиката влијание при избор на врховни судии во Америка? Апсолутно да. Дали има во Германија во Сојузниот уставен суд? Апсолутно да. Во Германија имаат непишана пракса, левичарите нудат денес еден, они сите заеднички го бираат. Следниот кога ќе дојде на ред го даваат десничарите. Еднаш имало преседан, левичарите предложиле човек кој што не им го усвоиле десничарите. Да и кај нас има. Дали мислите дека може да ве предложи политичка партија на власт, владејачка партија а да сте вие припадник, деклариран активист и идеолокши близок до опозициската? - Не може“, вели Данева.

Ана Павловска - Данева беше предложена од СДСМ за Уставен судија, а претходно беше и пратеничка од истата партија.  За уставен судија беше избрана на 8 февруари 2024 година од тогашното владејачко мнозинство од СДСМ и ДУИ со 65 гласа „за“, 26 „против“.  Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција гласаа против.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk