logo
logo
logo

Поддршка на земјоделскиот сектор 10.000 ЕВРА ЗА МЛАДИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Vecer | 14.04.2025

 Поддршка на земјоделскиот сектор 10.000 ЕВРА ЗА МЛАДИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите земјоделци, соопштија од Владата.

За таа цел објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој обезбедуваме помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100% од направените трошоци.

Условите кои треба да се исполнат се:

-лицето кое аплицира да биде на возраст од 18 до 40 години,

-истиот за првпат да започнува со земјоделска активност,

-да преземе постоечко или воспостави ново земјоделско стопанство,

- и да е запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 9 мај годинава.

Преку мерки и проекти нашата заложба како Влада е да инвестираме во развој на македонското земјоделство, истото да го направиме поконкурентно на пазарот и да отвориме нови работни места за да го зголемиме доходот на земјоделците.

Владата го враќа изгубеното достоинство на земјоделците. Нивниот труд почнува соодветно да се вреднува.

Нашиот фокус е инвестициите во земјоделството да бидат исплатливи и затоа продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор.

Младите имаат одлична можност да започнат свој бизнис и да ги искористат можностите кои ги создаваме.

Ветивме, се обврзавме и испорачуваме. Владата останува посветена во носење на мерки и проекти за земјоделците, стои во соопштенито

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk