logo
logo
logo

Почна изградбата на градски пазар во Виница

Vecer | 10.07.2021

Почна изградбата на градски пазар во Виница


Почна изградбата на новиот градски пазар во Виница. Премиерот, Зоран Заев, кажа дека како еден од најзначајните капитални проекти за граѓаните на општината и за сите околни места, изградбата на градски пазар во Виница е од интерес и за регионот бидејќи, како што рече, неспорно е дека се создава пазаришен центар кој ќе биде од интерес на земјоделските производители и трговците од целиот регион.

„Станува збор за изградба на градски пазар кој има покриен и отворен дел и кој сега станува реалност иако беше претходно повеќе пати ветуван“, истакна премиерот Заев на настанот во Виница.

Забележлива посебност на проектот за градскиот пазар, додаде тој, е и неговата архитектонска вредност што ќе го направи објектот еден од најпрепознатливите во градот.

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, рече дека вредноста на овој капитален проект изнесува 29 милиони и 300 илјади денари, истиот ќе се протега на површина од 1.810 м2, на две нивоа, составен од отворен и затворен дел.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk