logo
logo
logo

Почна електронското пријавување ЗА УПИС ВО СРЕДНО, ЌЕ ТРАЕ ДО 25 ЈУНИ

Vecer | 20.06.2024

Почна електронското пријавување ЗА УПИС ВО СРЕДНО, ЌЕ ТРАЕ ДО 25 ЈУНИ

Од денеска до следниот вторник, 25 јуни, во тек е првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година.

Пријавувањето се одвива преку линк до порталот на електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички профили на schools.mk.

„Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/најава“, информираат од Министерството за образование.

Најдоцна до 26 јуни до 9 часот секое училиште треба да ја објави конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места останати по првото пријавување.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање, ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето.

Второто пријавување во јунскиот рок ќе биде на 1 и 2 јули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk