logo
logo
logo

По жестоките критики кон Обединетото Кралство, сега ја напаѓаат и Америка

ВО ДЕНОВИТЕ КОИ СЛЕДАТ ЌЕ ИМА ДОБРИ ВЕСТИ ОД САД

Vecer | 16.01.2026

ВО ДЕНОВИТЕ КОИ СЛЕДАТ ЌЕ ИМА ДОБРИ ВЕСТИ ОД САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на реконструираната спортска сала во Кратово даде изјава за медиумите. На новинарско прашање во врска со блокадата на САД за издавање на визи за 75 држави, меѓу кои е и Македонија.

– Министерството за надворешни работи веќе излезе со свој коментар. Станува збор за блокада на имигрантските визи, но тоа не важи и за визи наменети за туристички посети, студентски престој и слично, изјави Мицкоски.

На ова тој се осврна и најави дека во деновите што следат очекува да пристигнат доста пријатни вести во однос со визите, вклучително и со нашиот најголем стратешки партнер, Соединетите Американски Држави.

– Јас жалам што опозицијата после жестоките критики кон Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД. Ќе ве потсетам дека не така одамна, кога беа наметнати трговски тарифи од 33% од страна на САД, oпозицијата поитаа да го нападнат нашиот стратешки партнер, иако таа ставка се нивелираше на 15%. Затоа и би останал трпелив, потенцираше Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk