logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

По дезертерот Ковачевски, доаѓа дезертерот од АРМ и деспот од Форино Талат Џафери, срам за Македонија

Vecer | 08.12.2023

По дезертерот Ковачевски, доаѓа дезертерот од АРМ и деспот од Форино Талат Џафери, срам за Македонија

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.

Исто така, Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони. Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери, се вели во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk