Пет странски државјанки и сопственик на угостителски објект беа уапсени во акциска контрола на тетовската полиција во раните утрински часови. Државјанките затекнати во објектот покрај автопатот Гостивар-Тетово биле од Албанија, Косово и од Србија, а со нив биле и 6 македонски државјанки.
Сите жени биле на возраст од 20 до 53 години. Странските државјанки биле задржани во полиција. Поднесена им е пријава за злоупотреба на туристички престој, додека газдата, 44-годишниот Џ.М. доби пријава дека ги помагал во незаконитиот престој.
„Полицијата од СВР Тетово во раните утрински часови, помеѓу 01:00 и 04:00 на 17 јули 2025 година, го лиши од слобода 44‑годишниот Џ.М. откако во угостителски објект на улица Браќа Миладинови, покрај автопатот Гостивар – Тетово, затекна 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет странки од Албанија, Косово и Србија“, се вели во полицискиот билтен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата