logo
logo
logo

Пендаровски се сретна со студенти на ФИНКИ

Vecer | 19.04.2022

Пендаровски се сретна со студенти на ФИНКИ

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в Лице“, оствари средба со студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, кои ја создадоа маректинг-алатката за рекламирање „Ховитцер“ (Howitzer) на американската социјална мрежа „Редит“ (Reddit). Како што информираа од Кабинетот на шефот на државата, младите информатичари го запознале претседателот Пендаровски со нивната иновација, начинот на кој дошле до продуктот и со постигнатите резултати, потенцирајќи дека таргет им е глобалниот пазар. Претседателот Пендаровски им честитал за иновацијата, посочувајќи дека оваа алатка не претставува само нивни личен успех, туку истовремено придонесува за афирмација на нашата држава. – На средбата претседателот истакна дека со нивното знаење, ентузијазам, тимска работа и упорност, ја реализирале нивната идеја, создавајќи успешен продукт препознаен на глобалниот пазар. Според претседателот Пендаровски ваквите успеси се најголема мотивација за младите да ги развиваат своите ИТ вештини и да се посветат на науката и иновациите, а во услови на глобална дигитализација, поддршката на иновациите во ИКТ секторот се од огромно значање за севкупниот економски развој на државата, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски. Главни корисници на оваа маркетинг-алатка се претприемачите и компаниите во рана фаза, растечките маркетари и креаторите на крипто проекти. Нивниот продукт успеал да стигне до 2.000 долари месечен прилив по еден месец од лансирањето, а по само пет месеци ја добиле најголемата странска иницијална инвестиција за софтверска компанија во Северна Македонија досега – 500.000 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk