logo
logo
logo

„Парите да се вртат во семејството, ЌЕРКА ДИРЕКТОРКА ДАВА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ТЕНДЕР на веледрогеријата на ТАТКО И“

Vecer | 28.09.2023

„Парите да се вртат во семејството, ЌЕРКА ДИРЕКТОРКА ДАВА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ТЕНДЕР на веледрогеријата на ТАТКО И“

Власта на ДУИ и СДС го претворија здравството во алатка за бизниси и богатење. Нема ден да не излезе нов скандал или поразителна вест за здравствениот систем.  Последна во низата афери е набавката на Клиниката на хематологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека таму неколку години наназад има ситуација ќерката Пановска, директорка на клиниката, да му доделува тендер од 3 милиони евра за набавка на лекови на својот татко Пановски, сопственик на веледрогерија.

-  И ни око не им трепнува, ни срам ни перде имаат. Битно парите да се вртат во кругот на семејството. Затоа здравството е на овој низок степен. После морбидниот скандал на Онкологија, веднаш се надоврзува и овој семеен бизнис на Хематологија. Сите овие неетички и нелегални дејанија ја нарушуваат довербата на граѓаните, истакнуваат тие.

Потенцираат дека овие индиции и скандалозни одлуки на клиниките мора да се испитаат и соодветно да се процесуираат ако сакаме да имаме здравствен систем кој лекува, а не кој богати поединци.

- Одговорност и ресет на системот е суштински потребен, стои во соопштението.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk