logo
logo
logo

„Ова е отворање на Пандорината кутија ДОПРВА ДОАЃААТ ТЕШКИТЕ БАРАЊА ОД БУГАРИЈА и тешките денови за Македонија“

Vecer | 29.09.2023

„Ова е отворање на Пандорината кутија ДОПРВА ДОАЃААТ ТЕШКИТЕ БАРАЊА ОД БУГАРИЈА и тешките денови за Македонија“

Ова е само почеток и отворање на пандорината кутија, дека допрва доаѓаат тешките барања и допрва доаѓаат тешките денови за Македонија, кога станува збор за спорот со Бугарија, но тоа требаше да се мисли кога го прифаќаа тој анекс на договорот за добрососедство и пријателство и кога прифатија овие тешки прашања да бидат дел од преговарачката рамка, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гази Баба за изјавата на Османи дека Бугарија ќе има нови барања.

- Но ќе кажам не само тие требаше тука да мислат и бирократите во Брисел кога го прифатија тоа што овие, би рекол политички егзибиционисти и незнајковци, прифатија, зборувам за нашите политичари. И сега што направија само го усложнија процесот на Македонија кон пристапување кон ЕУ. И сега ние повторно се доведуваме во една ситуација во која што или ќе ги исполниме барањата на Софија, нивниот диктат без да добиеме гаранции никакви или пак имаме децениски а можеби и вековен процес на преговори со ЕУ и не заради европските темелни вредности туку за прашања кои што немаат никаква врска со ЕУ темелни вредности, рече Мицкоски.

Да докажеме каков е нашиот идентитет, да докажеме какво е нашето минато, традиција култура обичаи, да зборуваме за средниот век, како што сега се зборува наместо да зборуваме за иднината. И тоа го направи оваа влада и сега ние сите сме закочени и се наоѓаме во еден момент заглавени. Не може никој да ме убеди дека тоа не е вистина, јас верувам во добрите намери на нашите стратешки пријатели, верувам во добрите намери и на Вашингтон и на Брисел и на Лондон и на Париз и на Берлин и на Рим и останатите, но не можам да верувам во добрите намери на официјална Софија а за жал договорот кој што го прифатија е тотално асиметричен и е во согласност со би рекол со бугарските позиции целосно кои што се ништо друго освен вековниот руски интерес на Балканот“, нагласи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk