logo
logo
logo

Откако Заев кажа дека биле браќа доживотно, ЦИПРАС ЌЕ ОДИ ВО СТРУМИЦА

Vecer | 02.10.2023

Откако Заев кажа дека биле браќа доживотно, ЦИПРАС ЌЕ ОДИ ВО СТРУМИЦА

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска е во приватна посета на Струмица, на покана на поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА од Атина, станува збор за еднодневна приватна посета.

Во периодот кога Заев и Ципрас беа премиери на двете земји беше потпишан Договорот од Преспа, а оттогаш одржуваат пријателски односи.

На Конгресот на СИРИЗА одржан минатата година, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијата.

Заев во интервју за грчките медиуми изјави дека Ципрас му е брат до крај на животот.

https://vecer.mk/makedonija/zaev-gi-shirel-bizniste-vo-grcija-cipras-mu-bil-brat-do-kraj-na-zhivotot/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk