logo
logo
logo

Општина Аеродром со мерки за штедење на електрична енергија

Vecer | 31.08.2022

Општина Аеродром со мерки за штедење на електрична енергија

Престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешно осветлување, редуцирано улично осветлување и осветлување во паркови се дел од мерките за штедење на електрична енергија кои Општина Аеродром ги воведува во насока на заштеда на електрична енергија.

Како што информираат од општината, следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром, кој работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември носи пакет на мерки за штедење на електрична енергија со кои се очекува драстично намалување на потрошувачката на електрична енергија.

– Престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешно осветлување, осветлувањето во парковите на територија на општина Аеродром, ќе работат редуцирано, односно ќе светат преку една сијалица, а целосно ќе се гасат во 1 часот по полноќ, уличното осветлување на сервисните улици со кое стопанисува општина Аеродром, ќе биде редуцирано, односно ќе свети преку една сијалица и ќе се гаси 2 часа порано, од вообичаеното и рефлекторите на спортските игралишта престануваат со работа од 1 октомври, стои во соопштението од општината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk