logo
logo
logo

Општина Аеродром ќе додели 1.000.000 денари финансиска помош за настраданите во Кочани

Vecer | 18.03.2025

Општина Аеродром ќе додели 1.000.000 денари финансиска помош за настраданите во Кочани

Општина Аеродром ќе додели 1.000.000 денари финансиска помош за настраданите во Кочани. Денеска, во координација со советниците, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, поднесе барање за одржување вонредна седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе има само една точка за доделување 1.000.000 денари финансиска помош на семејствата на настраданите во стравичната несреќа во Кочани.

-Силниот оган ја зави Македонија во црно и секој од нас чувствува длабока тага и болка за трагично згаснатите 59 млади животи. Сите се молиме за семејствата на починатите, а во срцата носиме верба и надеж дека повредените херојски ќе се изборат и ќе заздрават што е можно побрзо. Не постојат зборови со кои може да се даде утеха, но преку солидарност и хуманост можеме да подадеме рака на оние на кои најмногу им треба помош. Општина Аеродром паричните средства ќе ги уплати во Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Македонија.  Кочани 16.03.2025 – Никогаш и никаде да не се повтори, велат од општината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk