Национална опера и балет останала со со исклучена струја поради долг со неплатени сметки.
Засега не е познато колку точно изнесува долгот, но во објектот во моментот не се изведуваат проби поради колективен одмор, објави Телма.
Од Опера и балет за телевизијата посочиле дека исклучувањето на електричната енергија е од четвртокот (18.08), по налог на ЕДС, од ЕВН Македонија.
Инаку, блокирана е и сметката на Националната опера и балет поради извршното решение за наплата на долг стар речиси десет години во висина од 4,1 милион денари или 60 илјади евра.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата