logo
logo
logo

ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ СЕ ОБЕДИНУВААТ ВО НОВО ЗДРУЖЕНИЕ Onlinemedia.mk во борба за подобар статус во медиумската сфера

Vecer | 19.09.2023

ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ СЕ ОБЕДИНУВААТ ВО НОВО ЗДРУЖЕНИЕ Onlinemedia.mk во борба за подобар статус во медиумската сфера

Претставници на повеќе професионални и влијателни онлајн медиуми формираа Здружение за заштита и унапредување на интернет медиумите Onlinemedia.mk.

Македонските интернет портали во иднина заеднички ќе се борат за подобрување на својот статус во општеството и за унапредување на професионалните стандарди и на третманот во медиумската заедница.

По подолго време, интернет порталите се обединуваат во идејата да настапат заеднички за подобрување на овој медиумски сектор и за воспоставување правила на игра.

„На првото собрание на Здружението, претставниците на издавачите покренаа повеќе важни прашања, афирмирајќи го и барањето интернет порталите да влезат во Законот за медиуми, при претстојните промени на овој закон коишто се очекуваат наскоро“, соопшти Здружението Onlinemedia.mk.

Во најавените измени на изборната регулатива, членовите на Onlinemedia.mk се согласни дека треба да се направат значителни промени, со цел да се отфрлат ограничувањата при изборното рекламирање во онлајн медиумите.

Здружението Onlinemedia.mk ќе се залага за целосно рамноправен третман на професионалните интернет портали со традиционалните медиуми, особено и поради фактот што истражувањата покажуваат дека интернет медиумите веќе се доминантен сегмент на медиумската индустрија, како во светот, така и кај нас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk