Во атарот на село Обршани, општина Кривогаштани во средата вечер ограбен е манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.
Информацијата ја споделија со јавноста преку видео од безбедностите камери на манастирот.
Настанот инаку се случил ден по Велигденските празници.
-Во текот (23.04.2025 година) на ноќта манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, објавија на официјалната Фејсбук-страница од црквата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата