logo
logo
logo

ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА 13 ДОСЕГА, ВО НИВ Е И БЕКТЕШИ, за другите се одлучува

Vecer | 21.03.2025

ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА 13 ДОСЕГА, ВО НИВ Е И БЕКТЕШИ, за другите се одлучува

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреди притвор за 13 лица од лицата кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а околу 190 беа повредени, објави Телма

Меѓу 13-те за кои е одредена мерката и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За останатите ќе се одлучува во текот на денешниот ден.

Основното јавно обвинителство побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешната државна секретарка Размена Чекиќ-Дуровиќ и раководителот Беким Хаџиу. Истовремено, седум службени лица од СВР Штип и ПСОН Кочани се веќе во притвор поради вмешаност во издавање незаконска лиценца за дискотеката „Пулс“.

Вчера беа приведени и поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски, како и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Истрагата, предводена од јавниот обвинител Љупчо Коцевски, открива сериозни кривични дела против општата безбедност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk