logo
logo
logo

Од денес на шетање во ЕУ со вакцините одобрени од ЕМА или со прележан ковид

Vecer | 01.03.2022

Од денес на шетање во ЕУ со вакцините одобрени од ЕМА или со прележан ковид

Од 1 март, македонските граѓани ќе можат да патуваат во земјите од Европската Унија ако се целосно вакцинирани против ковид-19 или ја прележале болеста. Ова следува откако Европскиот совет препорача да се укине забраната за несуштински патувања за лицата од државите кои не се членки на ЕУ. Иако ова е само препорака и земјите не мора да ја почитуваат, Италија веќе изјави дека ќе ја спроведе. Досега повеќе земји-членки на ЕУ не дозволуваа туристички патувања од земји што надвор од еврозоната. Од Европскиот совет нагласуваат дека притоа ќе се признаваат вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или од Светската здравствена организација (СЗО), што не ја вклучува руската „спутник“. Сепак, патниците вакцинирани со вакцина која е одобрена од СЗО, а не и од ЕМА ќе мора да приложат и негативен тест. Ова се однесува на вакцините на кинеските компании „Синофарм“ и „Синовак“, кои засега не се одобрени во ЕУ. „Промената на правилата се базира на еволуцијата на пандемијата, зголемената стапка на вакцинација и изедначувањето на ковид сертификатите на сè поголем број трети земји со дигиталниот сертификат на ЕУ“, стои во соопштението на Европскиот совет. Во исто време се препорачува новите правила да стапат на сила на 1 март. Сите патници мора да бидат вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ за да добијат дозвола за влез како вакцинирани лица. Исто така, дозвола за влез ќе добијат и лицата кои го прележале ковид-19 во претходните 180 дена. Се додава дека за некои од патниците може да се применат дополнителни мерки, како што е ПЦР тест пред патување. Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува и дека на децата на возраст меѓу шест и 18 години кои ги исполнуваат условите за полнолетство треба да им се дозволи да патуваат. За да се отстранат ограничувањата за сите патници од одредена трета земја според новите правила, условот е 100 случаи на Ковид на 100.000 луѓе во последните 14 дена (претходно беше 75 случаи). Се наведува дека новите препораки се воведени како одговор на развојот на пандемијата, зголемениот број вакцини и „бустер“ дози и признавањето на зголемен број сертификати од трети земји како еквивалентни на дигиталниот сертификат на ЕУ. Комисијата, со цел да им даде време на третите земји да ја зголемат стапката на вакцинација, ќе ја разгледа препораката до 30 април за да размисли за бришење на листата на земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk