Судството во Македонија во црвен аларм со доверба меѓу граѓаните од само 3%, сериозна загриженост кај меѓународната заедница за нефункционалност и нелегитимност, обвинители под лупа за нарачки на текстови во интернет портали, судии под лупа кои би осудиле и мечка ако ја донесе обинителот во судница, или непотребна, исценирана хистерија и удар кон судската власт? Овие прашања ги отворија амбасадори, но и домашни правници и вршители на правосудни функции.
Според службените податоци Македонија е рекордер според процентот на пресуди за вина во однос на поднесени обвиненија. Имено, од 100 поднесени обвиненија сот дури 98 ги пресудил со вина за обвинетиот! Практично, обвинителите носат пресуди, а судиите само ги спроведуваат. Ваква пракса, обвинителите со поднесено обвинение автоматски со над 90% да му пресудат на граѓанинот има само во Авганистан и Иран каде се спроведува верско, шеријатско право.
Во САД, зависно од државата, степенот на пресуди за вина во однос на поднесени обвиненија и тужби е од 58-70%. Во ЕУ степенот на пресуди за вина во однос на тужби и обвиненијата се движи помеѓу 65 и 78%, во Македонија - осудени за виновни се 97% од тужените и обвинетите!
Колку нашите судии и обвинители ја почитуваат пресумпција на невиност и правото на еднаквост пред законот на странките во една судска постапка и колку кон странките постапуваат без наклонетост и предрасуди по било кој основ? Јавноста е сведок дека медиумите, особено пдо контрола на валста, пренесуваат информации од истрага и обвинение кои ги добиле “инсајдерски“ од обвинитеклството. Речиси никогаш нема изјава или документ од одбраната кој е објавен во тие медиуми, се информира еднострано и се создава плански состојба на “однапред виновени' за потреби на контролираното судство.
Практично, од улица се суди од страна на контролирани невладини организации кои се на платен список на владата и примаат пари од буџетот, и про владините медиуми. Ако судот не “послуша“ следат напади врз него. И се така, до пресудата. Јавно, судиите доброволно се откажуваат од својата професија и своите права за да ја задоволат власта, нивните медиуми и нивните “невладини организации“. Резултат - доверба на јавноста во обвинителите и судиите од само 2-3%.
Со прост увид во буџетот на државата, и исплатите од државен буџет на “невладини органзиации“, ќе видите дека токму тие кои се исплатени се најактивни десетина “невладини организации“ во хајки и притисоци врз јавноста, обвинителкството и судовите за спроведување политички судења и судења за бизнис иснтерси на олигарси и политичари од власта.
Полни им се устите за “назависно судство“ но, затоа, нема случај од политички и бизнис интерес на извршната власт во кој тие “невладини организиции“ не вршат пермамнентна хајка и притисок за осуда на избраните цели.
Затоа, сведоци сме на јавни “прогони и судења од улица“ од партиски и профитни интереси на моќни лица од власта, партиите на власт и бизнисот. Стандрадно, обвинивањата почнуваат од улица, од “невладини организации“, партиски активисти и медиуми под контрола на власта против јавно афирмирани и позиционирани личности кои некому пречат во бизнисот, политиката и плановите за корупривни акции усмерени кон пари од буџетот.
За пример: напади, обвиненија и/или судења на Жан Митрев, еден од регионално најафрмираните експерти за кардиологија и сопственик на една од најголемите кардиолошки клиники во регионот. Кој има интерес, со судски процес пердизвикан од “невладините органзиации“ да се тргне Жан Митрев од бизнисот, а неговата клиника да се преземе од трето лице за мали пари. Новинарката и емисијата која “отвори скандал“ за Жан Митрев е неодамна осудена за клевета и има втора постапка за следна клевета пред судот. Тоа е рејтингот и веродостојноста на “невладниот извор за скандали“ со емисија која се емитува на јавниот сервис на МТВ и која, час поскоро, требала да биде укината затоа што за неполна година дена емисијата и авторката Сашка Цветковска се осудени за изнесување лажни информации, а дополнително и се суди за нова постапка.
Судења на новинарот Драган Павловиќ Латас, со најдолга кариера на главен и одговорен уредник во Македонија, и тоа во најголемиот комерцијален медиум Сител ТВ повеќе од 20 години, добитник на шест награди за новинар на годината и дел од кариерата универзитетски профеор за кој СДСМ и невладините од платниот список на владата веќе деценија вршат досега невиден притисок врз обвинителството и судството до ниво да државниот јавен обвинител јавно повика за смена на судија кој му дал ослободителна пресуда и укинивање на пресудата. Аплеција го спроверде неговото барање, ја смени судијака но, и новата судијка донесе втора ослободителна пресуда која Апелација повторно ја укина и, со тоа, самите судии од Апелација си ја укинаа самостојноста на судската функција која делуува по налог на обвинител и партија на власт, а не според закон.
Предметот сега ќе го решаваат, од почеток и мериторно, судии од Апелација откако, два пати, освен ослободителни пресуди од две различни судијки, и вишото обвинителство пред судот два пати се произнесе дека обвинението односно жалбата на пресудите треба да се отфрли. Сега решава државниот јавен обвинител Јовевски, истиот што јавно побара и доби од Апелација смена на судијка за предметот и укинување на нејзината ослободителната пресуда. Накусо, обвинува и пресудува сам државниот обвинител Јовевски, Апелација само спроведува. Тоа е истиот обвинител кој е во очекување наскоро да биде избран, од пратениците на власта, за судија во Уставниот суд.
Трет случај за прогон на афирмирани и докажани јавни личности за сопствени партиски или профитни потреби, случај Милчо Манчевски. Агенцијата за филм поднела кривична пријава против продукцијата „Банана филм“ – Скопје на режисерот Милчо Манчевски и понатаму ќе ги стопира сите заеднички проекти. Практично, тој не може да конкурира за пари за проекти а со тоа се ослободува простор за просечни автори блиски до владеачките партии за користење на пари од фондот. Конкуренција му се просечни автори под нивото на Милчо Манчевски кои стојат зад видео и пропагандните кампањи на СДСМ за потреби на изборите и за други пропагандни проекти на партијата. Финансиска полиција и обвинителство се веќе во акција.
Процесите на афирмираните и во струката врвни јавни личности како Жан Митрев, Драган Павловиќ Латас, Милчо Манчевски... се само прилика , заради нивната јавна моќ и изложеност, да видиме како се случуваат процесите во обвинителството и судството и нивна злоупотреба од извршната власт за партиски и бизнис потреби. Преку овие случаи, јавно изложени, може основано да се претпостави што се случува со прогон на другите кои ја немаат привилегијата јавноста да дознава за нивните процеси. Затоа, довербата на јавноста во обвинителите и судиите ќе биде 2-3%, статистичка грешка и степен на недоверба каков не е забележена во севкупната историја на македонската држава за ниту една институција.
За тоа време Фондот за иновации подели на партиски активисти на СДСМ и ДУИ и нивни роднини околу 8 милиони евра за тренирање магариња, непостоечки софтвери, за образование спроведувано преку фризерски салони... Легализира стотина дивоградби во Леунуво/Маврово и најавува нови 70 легализации на Попова Шапка претежно на државно земјиште иако законот за легализација на дивоградби не е донесен, ја запре градбата на кликичката болница во Штип и се ангажира да ја клекне на колена и преземе клиниката на Жан Митрев за бизнис потреби на бивши министри од СДСМ и фантомски фонд од странство, за што збор ќе стане по детално во некоја наредна прилика.
Патем, до каде е истрагата за потрошените 70.000 евра за сајт на градот Скопје кој, во најскапа варијанта, не може да биде платен повеќе од 3-5.000 евра?! До каде е истрагата за 700.000 евра дадени од градот Скопје за садење трева и цвеќиња на трговскиот центар Мавровка во време на градоначалникот Петре Шилегов, пари дадени непосредно пред локалните избори. До каде е истрагата по укажување на Антикорупциска за незаконски поделени над еден милион евра на обвинителите до СЈО од времето на Катица Јанева. До каде е постапката пред Антикорупциска за договорот околу коридорите кон Бугарија и Албанија вредни над една милијарда евра? До каде се постапките против функционерите на ДУИ по обвиненијата на СЈО?
За Жан Митрев судот определува дури три експрес рочишта за две недели, без оглед што неговата работа подразбира операции на срце кои се неодложни но, затоа, пожарот во тетовската клиника со човечки жртви оди како што треба, полека но сигурно - што подалеку од очите на јавноста и кон развлекување до заборавање.
Судењата и пресудите во Македонија не се неизвесни. Следете ги замо активностите на избраните “невладини организации“ и провладините медиуми, и ќе го знаете резултатот и пред судијата да ја соопшти пресудата. Нема да ви биде тешко да процените. Судиите во Македонија, оваа денес, велат дека 97% од обвинетиоте се виновни. Се поставува тогаш прашањето чуму воопшто постојат адвокати и судии кога за 97% обвиненија однапред е веќе јасно дека обвинителот пресудил?
А лесно можете да претпоставите и кои се оние 3% ослободени од обвиненијата, партијата мора да се грижи за своите војници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата